Точната локација на несреќата не е прецизирана, објави УНХЦР на Твитер.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 септември, 2019 10:00

Потона брод со 50 мигранти во либиските територијални води!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), брод со повеќе од 50 лица потона во либиските територијални води.

Точната локација на оваа несреќа не е сеуште прецизирана, објави УНХЦР на Твитер.

На 19.06.2019 година исто така потона брод со мигранти од Либија во Средоземното море, три лица беа спасени, додека 82 се водеа за исчезнати.

Бродоломот се случил во близина на тунискиот град Зарзис. Го забележале рибари кои успеале од бродот да извлечат четворица мажи, но не успеале да ги пронајдат останатите патници, изјави Лорена Ландо, шефица на Меѓународната организација за миграции (ИОМ) во Тунис.

Еден од четворицата спасени, со потекло од Брегот на Слоновата коска, починал во текот на ноќта, а останатите тројца се наоѓаат во болница, пренесоа западните медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.