На избирачкото место 5050 во Државната изборна комисија денеска за референдумското прашање гласаат 104 членови и заменици-членови

Објавил: Данаил Михајловски | 26 септември, 2018 15:17

Почна гласањето на референдумот во ДИК

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На избирачкото место 5050 во Државната изборна комисија денеска за референдумското прашање гласаат 104 членови и заменици-членови на избирачки одбори кои ќе отпатуваат во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија.

Гласањето во странство ќе се одвива во 33 дипломатски канцеларии на Република Македонија, а пријавени за гласање се вкупно 2.694 македонски државјани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.