По пет месеци, конечно ќе започне судскиот процес против тројцата обвинети за убиство на Саздовски, обвинети за убиство на свиреп начин а не насилство како што сакаше ОЈО

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 ноември, 2018 8:28

Почнува судењето за смртта на Никола Саздовски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Со воведни зборови денеска ќе почне првото рочиште од судењето за убиството на 20-годишниот член на навивачката група „Комити“, Никола Саздовски.

Обвинети за смртта на Саздовски се Бесир Б. и Скендер Р., а процесот ќе го води судијката Даниела Алексовска Стефановски.

Дваесетгодишниот Никола Саздовски почина на 9 јули годинава, откако беше крвнички претепан на автобуската постојка на булевар „Александар Македонски“ во Автокоманда на 29 јуни годинава околу 17:30 часот од Б.Б.(20), С.Д.(21) и Ј.Љ.(19), сите од Скопје.

Младото момче неколку дена беше во кома во Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување / КАРИЛ во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што им подлегна на повредите.

Основното јавно обвинителство за смртта на младиот Никола Саздовски – Саздо тројцата осомничени лица ќе ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин“, дело кое досега пред преквалификацијата се водеше како „насилство“.

Од ОЈО информираа дека ваквата одлука на јавниот обвинител следи откако во текот на истражната постапка биле обезбедени вербални и материјални докази, односно биле испитани повеќе сведоци, бил прибавен обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а особено по изготвеното судско медицинско вештачење извршено по наредба на јавен обвинител од страна на истиот институт.

Двајцата од напаѓачите на Саздовски се во притвор во затворот „Шутка“, а за третиот осомничен кој се уште е недостапен распишана е домашна и меѓународна потерница.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.