Бети Базиана и Алексис Ципрас останале во Скопје до полноќ, односно во Грција стигнале околу еден часот по полноќ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 април, 2019 11:38

По набиената агенда се упатиле на вечера во елитен ресторан- еве каде Заеви ги однеле Ципрас и Бети

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 2 ри април, грчкиот премиер Алексис Ципрас беше во официјална посета на нашата држава.  Ципрас беше придружуван од својата партнерка Бети Базиана, а по работните обврски, тие најпрво се упатија на ручек во Старата скопска чаршија.

Скопското Кале беше локалитетот кој Зорица го одбра за прошетка на невенчаната сопруга на Ципрас.

Додека премиерите учествуваа на бизнис форумот во хотелот „Александар Палас“, Зорица Заева ѝ ја покажа на Базијана, скопската тврдина Кале, а средбата на двете префинети дами беше интересна како за македонските така и за грчките медиуми. Инаку Зорица Заева, сопругата на премиерот Зоран Заев, и партнерката на грчкиот премиер, односно невенчаната сопруга Перистера Бети Базијана, за време на заедничкиот ручек си размениле подароци а ова беше топ вест и во грчките медиуми.

Инаку на крајот од денот Премиерите заедно со своите дами се упатиле во познат скопски ресторан на вечера. По набиената дневна агенда и работните обврски тиесе упатиле во елитната винарија Камник, објавија грчките медиуми. 

Како што известуваат грките медиуми, Бети Базиана и Алексис Ципрас останале во Скопје до полноќ, односно во Грција стигнале околу еден часот по полноќ.

Инаку интересно е тоа што по средбата грчките медиуми беа преплавени со вести од овој настан, во многу весници средбата доби и насловна страна, а беше оценета со многу позитивни коментари. Најкоментиран момент од оваа средба беа трите селфи фотографии кои ги направи премиерот Зоран Заев со Ципрас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести