Ципрас открива дека веќе биле изморени од тоа што двете страни не можеле да се договорат, но по повик од македонскиот премиер Заев, една недела пред потпишувањето на договорот, двете страни решиле да направат остапки.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 октомври, 2019 11:19

Ги фрливме пенкалата јас и Зоран и рековме не можеме да се договориме – Ципрас искрено за Договорот од Преспа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас во интервју за „360 Степени“, искрено проговори за преговорите кои доведоа до потпишувањето на Договорот од Преспа.

Алексис Ципрас е роден на 28 јули 1974 во Атина — грчки политичар и поранешен Премиер на Грција, член на парламентот на Грција, претседател на Синаспизмос и шеф на парламентарната група СИРИЗА

Не беше лесно прашање, можеби некој трет отстрана да го гледа како лесно прашање и некои да велат дека не направивте многу големи чекори. Но, реалноста е дека покрај името постоеја и други детали што требаше да се решат поврзани со наследство, со билатералните односи, многу тешкотии што требаше да се надминат, и верувам дека работевме интензивно и направивме договор што дава одговор на сите сложени прашања. Но, не беше лесно да најдеме консензус за сите прашања, рече Ципрас во интервјуто.

Ципрас открива дека веќе биле изморени од тоа што двете страни не можеле да се договорат, но по повик од македонскиот премиер Заев, една недела пред потпишувањето на договорот, двете страни решиле да направат остапки.

„Да, постоеше еден момент пред конечниот договор, еден викенд, кога ги фрливме пенкалата и јас и Зоран и г-динот Коѕијас и г-дин Димитров и рековме – не можеме да најдеме заеднички јазик. Но, надвладеа логиката. Тоа беше непосредно пред договорот, неколку дена пред потпишувањето на договорот. Беше на крајот на еден многу тежок пат. Секогаш постои замор, секоја страна мисли дека ги исцрпила „црвените линии“. Една недела пред телефонскиот повик од Зоран, направивме некои исправки или ако сакате отстапки од двете страни, една недела пред договорот ги оставивме пенкалата и мислев ќе немаме договор, рече Ципрас.

Тој вели дека станува збор за договор што треба да го истражуваат идните дипломати, бидејќи, како што вели, не е договор што некого понижува или некого оправдува.

Се работи за договор создаден со компромис и волјата на двете страни со желба да гледаме напред давајќи им перспектива на двата народа, рече Ципрас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика