Армијата на САД по тргањето на видеото објавено на You Tube и со официјално извинување на официјалниот профил на Твитер додека МО и Шекеринска немаа реакции

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 август, 2018 18:04

По реакции на магазин.мк армијата на САД се извини

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Армијата на Соединетите Американски Држави во Европа која на својот You Tube канал утрово сподели видео од своите 20-дневни воени вежби кои ги изведе на армискиот полигон “Криволак” во Република Македонија заедно со единици на Армијата на Република Македонија по реациите на магазин.мк за недоличното и навредливо именување како “Армија на Северна Македонија” – “Северно Македонски војници” и “Република Северна Македонија” официјално се извини на својот Твитер профил.


Твитер профил на Армијата на САД во Европа: “Ние се извинуваме за поставеното видео на нашата социјална мрежа во кое користевме некоректно [невистинито] имие за Република Македонија. Веднаш го отстранивме видеото. Го цениме нашето партнерство со Армијата на Македонија и искрено се извинува за оваа грешка.”

Секако единствена личност која не ни ја виде навредата со преименувањето на Македонија и армијата на Македонија беше министерката за одбрана на Република Македонија Радмила Шекеринска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.