Заменикот - помошник државен секретар на САД во посета на политичките партии

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 август, 2018 7:08

По “стативата” кај Иванов – Палмер на средби со Мицкоски – Ахмети и Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со партиска делегација оствари средба со заменикот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер.

На средбата претседателот Мицкоски истакна дека ВМРО – ДПМНЕ е политичка партија за која клучни приоритети на надворешно – политички план и се членството во НАТО и ЕУ и развој на односите со САД.

Средба на партиската делегација на ВМРО – ДПМНЕ предводена од претседателот Мицкоски со заменикот помошник државен секретар на САД Метју Палмер во придружба на амбасадорот на САД во Македонија Бејли.

Притоа тој потенцираше дека државата – граѓаните и надворешните пријатели на Република Македонија стануваат заложник на неодговорна и непринципиелна политика на политичкиот естаблишмент на власта како и креираните очекувања кои сега не се во состојба да ги реализираат.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека неодговорно и антидемократски е што власта се одлучи на чекор да заобиколи компромис и одби да ги прифати аргументите на опозицијата во однос на формулирањето на референдумското прашање – кое треба да биде производ на општ консензус а не едностран акт на парламентарното мнозинство.

Со таквото однесување се нарушуваат демократските процеси а од една одговорна влада се очекува соработка и принципиелен дијалог за вака едно чувствително прашање – додаде Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е клучно за Република Македонија да се фокусира на реформските процеси насочени кон создавање на посилна економија – правна држава а се со цел зголемување на благосостојбата на граѓаните во Македонија.

Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев ја потенцираше соработката со САД додека Палмер ја искористи можноста да ја повика опозицијата да го поддржи претстојниот Референдум закажан за 30-ти септември.

По средбата во ВМРО – ДПМНЕ следеше средба во Владата на Република Македонија каде Палмер беше примен од Премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев и членови на неговиот кабинет. 

По средбата Палмер истакна дека надева дека македонските граѓани ќе ја искористат приликата на 30-ти септември да го дадат својот глас на референдумот за пристапување на земјата во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција – изјави доцна синоќа високиот претставник на официјален Вашингтон – Метју Палмер кој се сретна со премиерот Зоран Заев.

Воедно Палмер ја повика опозицијата стратешки да размисли за иднината на земјата – особено за младите.

На средбата со премиерот била потенцира потребата од успешно спроведување на референдумот од кој зависи полноправното членство на Македонија во НАТО а ќе биде и одлучувачки за почеток на преговорите за членство во Евроспката Унија.

Палмер на средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети на која ги повторија ставовите на владеачкото мнозинство.

Метју Палмер во текот на денот оствари средба и со претседателот на ДУИ Али Ахмети.

ДУИ соопшти дека соговорниците дискутирале за постигнатиот прогрес во земјата кон потполна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ како и за прашањата што чекаат да добијат разрешница.

Ахмети елаборира за спремноста на Демократската унија за интеграција да даде придонес за успешно заокружување на целта на граѓаните за да изградиме евро – атлантска Македонија. 

На крајот од денот очигледно од политичкиот естаблишмент во Република Македонија само Претседателот Иванов имаше храброст да му го соопшти на гостинот од САД она што најмалку сакаше да го слушне.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести