Мухиќ го брани Иванов и е иритиран од однесувањето на Хан

Објавил: Македонка Димкин | 14 јуни, 2018 23:43

Пратеникот на СДСМ во одбрана на претседателот Иванов

Фото/Текст извор: ©Magazin.mk

Сакам сосема кратко да изразам еден вид протест во одбрана на достоинството на сите наши институции во државата, изјави денеска на собраниска седница пратеникот, Ферид Мухиќ.

Имено  Македонија  има суверено и неприкосновено право за меѓународно почитување,

Јоханес Хан (роден на 2 декември 1957 година) е австриски политичар кој работи како комесар за европска политика за соседство и преговори за проширување од ноември 2014 година. Кариерата ја почна како австриски министер за наука и истражување од 2007 до 2010 година

„Иритиран сум од вчерашната арогантна изјава на Јоханес Хан на сметка на претседателот на една самостојна, суверена држава Република Македонија. Не може да дели лекции никој на претседатели на држави без оглед каков е ставот.
Тоа е суверено право на институциите и граѓаните на таа држава и вакво непримерено делење лекции јавно го покажува неговиот став кон Македонија, со оваа изјава покажа минимум почитување односно никакво почитување и мислам дека мораме да се залагаме за достоинството.

Ако треба ќе бидеме ние најголеми критичари на секој наш претставник, но апсолутно не смееме да допуштиме нерушување на нашето достоинство и суверенитет“- вели Мухиќ.

Пратеникот побара поддршка од колегите пратеници и рече дека не смее да се нарушува суверенитетот и достоинството. на Македонија и Македонските граѓани.

Ферид Мухиќ пратеникот од редовите на СДСМ и во Јануари оваа година во емисијата Само Вистина на Канал 5 завзеде цврст став во одбрана на името:

Сите сме изложени на тој притисок. Ние можеме да покажеме многу повеќе интегритет. Некои од договорите се асиметрични не се градени на реципроцитет. Изненадувачки според мене е колку поединци немаат глас. Ова е прв пат во историја, преседан, никогаш и ниту еден освојувач да бара промена на името од една држава. Притисокот е на целата држава. Не уценуваат. Дај го името па ќе го добиеш ова. Тоа е корупција, тоа е најниско ниво, вели Мухиќ.

Ферид Мухиќ роден во Махоје, БиХ, во 1943 е македонски универзитетски професор, филoзоф и публицист.

-Не само што е апсолутен преседан да се бара промена на името, туку ерга омнес. Тоа е правно бесмислено.

Како е можно една страна да диктира на друга држава како да бара обврзување да регулира начин на односите со трети држави.
Понижувачки е да се каже бараа Грците од нас да смениме име па еве мораме да го смениме. Ние немаме спор со Грција.

Ние не бараме ништо од нив. Затоа не треба да отстапуваме. Не прифаќам апсолутно промена на името, дециден е Мухиќ.

Мухиќ додава дека и да се претпостави дека Македонија ќе влезе наредната година во ЕУ, ќе се влезе како некој што е понижен и што го плукнал своето име. Според него цената е превисока, а срамот ќе биде поголем да се добие но посочува дека за жал преговорите ќе продолжат и дека Нимиц медијаторот во овој спор е во право и дека прашањето за името ќе се реши.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести