Владата денес ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вакцина од страна на компаниите “Фајзер и Бионтек “, објави британската влада, пренесе Ројтерс.

Објавил: admin@magazin | 2 декември, 2020 21:12

ПРВИ ВО СВЕТОТ: Велика Британија ја одобри вакцината ФАЈЗЕР против коронавирус, првата доза веќе следната недела

Фото/Текст извор: © магазин.мк

Денес, Велика Британија стана првата земја во светот што одобри употреба на вакцина против вирусот корона на компаниите Фајзер и Бионтек и најави дека ќе можат да се користат од почетокот на следната недела.

Владата денес ја прифати препораката на Агенцијата за лекови и здравствени производи и одобри употреба на вакцина од страна на компаниите “Фајзер и Бионтек “, објави британската влада, пренесе Ројтерс.

Британскиот здравствен комитет ќе одлучи кои се приоритетните групи кои први ќе се вакцинираат, а во тоа спаѓаат штитениците на институциите за згрижување стари и изнемоштени лица, здравствени работници и постари Британци кои страдаат од хронични болести.

Британските власти објавија дека итното одобрување за примена на вакцината Фајзер и Бионтек е „историски момент“ во борбата против епидемијата на вирусот корона.

Министерот за здравство Мет Хенкок објави дека програмата за вакцинација ќе започне веќе следната недела и дека британските болници се подготвени за работата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести