Британската премиерка на партиската конвенција излезе играјќи на песната "Dancing Queen" на култната група АББА и повика на успешна реализација на Брегзит од ЕУ

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 октомври, 2018 8:14

Преговорите за Брегзит влегуваат во најтешката фаза

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Преговорите за излегувањето на Велика Британија од Европската Унија влегуваат во најтешката фаза, изјави премиерката Тереза Мај.

Таа ја повика поделената Конзервативната партија, како што рече, да престане со престрелките за брегзитот и да го поддржи нејзиниот план за иден трговски договор.

Обраќајќи се пред членовите на Конзервативната партија, Мај рече дека предлозите на Британија се многу предизвикувачки за ЕУ

Меј ги предупреди критичарите што сакаат тежок прекин со европскиот блок дека ако сите одат во разни насоки во потрага по сопствени визии за совршен брегзит, ризикуваат да завршат без тоа.

Таа рече дека напуштањето на ЕУ без договор најпрвин би било тешко за Британија и дека тоа би било лош исход за двете страни, но сепак потенцира дека доколку мораат, ќе ја напуштат Унијата без договор.

Британската премиерка Тереза Меј денеска за време на годишниот собир на нејзината партија на сцената излезе танцувајќи додека во заднината се слушаше познатата песна на групата АББА – Dancing Queen.  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести