Општата проценка е дека ќе започне ново поглавје во историјата на Европа!

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 декември, 2020 14:09

УРСУЛА ФОН ДЕР ЛАЈДЕН ПОРАЧА: Време е да го оставиме Брегзит зад себе – Ова беше долго патување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Највисоките претставници на ЕУ го поздравија потпишувањето на договорот за регулирање на идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.

Општата проценка е дека ќе започне ново поглавје во историјата на Европа!

“Ова беше долг пат. Сега е време да го оставиме Брегзит зад нас. Нашата иднина е создадена во Европа”, рече претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен.

Претседателот на Европскиот совет Чарлс Мишел нагласува дека „сега е време за ново поглавје и добри односи“ меѓу ЕУ и Велика Британија.

Главниот преговарач на ЕУ во разговорите со Лондон, Мишел Брани, им се заблагодари на преговарачките тимови од обете страни, како и на институциите на ЕУ, за „посветеноста и довербата“ покажана во последните четири години разговори за отцепување и идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија.

„Секоја личност има своја улога во градењето на единството на ЕУ и ви благодарам за тоа“, напиша Барние на Твитер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.