СЈО пред избори го опомени и одметнатото крило на ВМРО - ДПМНЕ, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и амбасадорот Ѓорчев, за да знаат кого да поддржат на изборите

Објавил: Мартин Попоски | 14 октомври, 2018 8:32

Пред избори, нова противзаконска предистражна постапка на СЈО

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во новата истрага “Поштенска банка”.

Во предистражната постапка СЈО бара притвор за три лица, меѓу нив, според нашите информации, е и Ратко Димитровски кој во истрагата е осомничен како сопственик на печатницата “Европа 92” Кочани. Димитровски е и поранешен градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО – ДПМНЕ.

Освен за него, се бара притвор и за Томе Главчев како сопственик на “Ноел Експорт импорт” Гевгелија и за Коле Смилевски како генерален директор на “Поштенска банка” АД Скопје.

Тројцата се приведени и вчера после 12 часот, и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1.

Тие заедно со уште шест други лица (Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев) се осомничени за перење пари, а Главчев и Димитровски и за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Во истрагата само за делото злоупотреба на службена положба и овластувања биле опфатени и Љубчо Георгиевски во својство на премиер во 2001, Марјан Ѓорчев како вицепремиер, Никола Груевски како министер за финансии.

Како е наведено Георгиевски, Ѓорчев и Груевски  поради застареност на делото нема да бидат дел од судскиот процес и кривичен прогон.

СЈО нема мандат за нови обвиниенија, Јанева прави тешко кривично дело

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.