Како што беше познато уште во текот на вчерашниот ден, организатор на шверцот бил Боро Стојчевски, градоначалникот на Ново Село, потпомогнат од неговото семејство, односно сопругата и синовите.

Објавил: Македонка Димкин | 12 јули, 2018 7:00

Претседателот на СДСМ од Арачиново вмешан во шверцот, вчера успеал да избега?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Голема престрелка во текот на вчерашниот ден ги потресе мештаните на село Горно Коњаре и село Баделен, откако на приватниот ранч на градоначалникот на општина Ново Село Боро Стојчевски полицијата спроведе голема акција за разбивање на шверцерски групи на цигари кои робата ја криеле во магацини во ранчот. Престрелката ја алармираше и бугарската гранична полиција која ја зголеми борбената готовност.

Како што беше познато уште во текот на вчерашниот ден, организатор на шверцот бил Боро Стојчевски, градоначалникот на Ново Село, потпомогнат од неговото семејство, односно сопругата и синовите.
МВР за него имала отворено оперативна обработка уште во 2016. година, но Стојчевски успешно успевал да избегнува да заврши во затвор поставувајќи ги членовите на неговото семејство како управители на фирмите кои го правеле шверцот.

Халими е претседател на СДМС во Арачиново

На 10/11.07.2018 година околу 19 часот од страна на полициски службеници при СВР Струмица во близина на село Баделен општина Ново Село, запрени се две моторни возила натоварени со картонски кутии со цигари. Во едното возило имало 29 кутии со по 50 штеки и една кутија со 49 штеки цигари, а било управувано од страна на Б.С. (54), со сопатник Ј.С.(49) од с. Ново Коњарево. Во другото возило управувано од Г.С. (24) со совозач С.В (26) од с. Ново Коњарево, биле натоварени 35 штеки цигари и една кутија со 49 штеки цигари и една штека со девет кутии.
При превземањето на потребните мерки и дејствија лишено од слобода е и лицето М.Т (52) од село Самоилово, кој управувал мотор марка „Hamachi“ без регистарски таблици.
При превземањето на мерки во обид за бегство на второто возило, од страна на полициски службеници биле испукани два предупредувачки куршуми. Извршен е увид од страна на СВР Струмица во присуство на Јавен обвинител.
Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, а пронајдените кутии со цигари се одземени. СВР-Струмица работи на целосно расчистување и документирање на случајот. – стои во официјалното соопштение.

Она што сеуште не е соопштено од страна на МВР е информацијата дека партнер во шверцот кој наводно траел подолго време бил и претседателот на општинската организација на СДСМ од Арачиново Агрон Халими, кој во моментов бил недостапен за полицијата. Халими заминал од дома со нов црн луксузен пасат во непознат правец, но највероватно тој е веќе надвор од земјава.

„На социјалните мрежи се шират гласини дека дека овој спектакл е нарачан од актуелната власт и дека токму пријател од Заев е одбран првично како жртва само да се зајакне довербата кон СДСМ барем до спроведувањето ан референдумот.„

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...