По нивно барање бил приведен, а потоа го информирале Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Објавил: Перо Милчин | 14 март, 2021 11:31

Приведен Орце Камчев, АНБ имала информација дека ќе бега

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бизнисменот Орце Камчев утрово е приведен, дознава Фокус од доброупатени извори.

Според информациите на Фокус, Камчев е уапсен бидејќи Агенцијата за национална безбедност (АНБ) имала информации дека наводно се спрема за бегство.

По нивно барање бил приведен, а потоа го информирале Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Сега обвинителството ќе бара притвор, бидејќи Камчев е осомничен во истрагата “Плацевите на Водно”.

Од МВР за “Фокус” ја потврдија информацијата, односно дека Камчев е приведен и дека ќе биде изведен пред суд.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.