Апелација, претходно веќе ја прифати жалбата на Мијалков и тој вчера излезе од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари со гаранција од 11,1 милиони евра.

Објавил: Перо Милчин | 30 декември, 2021 23:33

СДК: Камчев од Шутка префрлен на лекување во „Систина“

Фото/Текст извор: ©магазин/сдк

Додека Сашо Мијалков во средата попладне се пакувал да излезе од притвор во затворот во Шутка, сообвинетиот во процесот „Плацови на Водно“ Орце Камчев се пожалил на здравствени проблеми, а Основниот кривичен суд, каде се води овој судски процес, го испратил на лекување во приватната болница „Аџибадем Систина“, објави порталот „Сакам да кажам“ (СДК).

Дел од медиумите, претходно денеска, пишуваа дека Апелацискиот суд во Скопје можно е утре да донесе одлука и дали ќе ја прифати жалбата на Камчев и ќе му го укине притворот.

Апелација, претходно веќе ја прифати жалбата на Мијалков и тој вчера излезе од затворот „Скопје“ во Шуто Оризари со гаранција од 11,1 милиони евра.

Ексшефот на УБК првично доби укинување на притворот од Апелација во предметот „Трезор“ минатата недела (22 декември), а за да го спречи излегувањето на слобода, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција истиот ден побара нов притвор, но во „Плацови на Водно“ и тој беше одобрен од Основниот кривичен сув. Адвокатите на Мијалков се жалеа повикувајќи се на веќе еднаш прифатената гаранција и правосилното решение од „Трезор“, којашто жалба Апелација ја прифати и Мијалков вчера излезе од Шутка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести