По неговото последно влошување на состојбата додека ја издржува мерката притвор и неговата хоспитализација на Клиниката за кардиологија, со оглед на ситуацијата, постои голема загриженост за сериозен ризик по неговото здравје“, се вели во реакцијата.

Објавил: Владо Марин | 11 јули, 2021 15:29

Правниот тим на Камчев: Судот прави тортура врз бизнисменот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Правната одбрана на бизнисменот Јордан Камчев, кој е во притвор за обвинението „Плацеви на Водно“, денеска објави реакција во која наведува дека Камчев е со влошена здравствена состојба, а судот врз него прави репресија и тортура, бидејќи не прифаќа да го замени неговиот затворски притвор со домашен и покрај тоа што Вишото јавно обвинителство пред два дена ја прифатило гаранцијата што бизнисменот ја понудил, се вели во реакцијата.

Камчев е во притвор од 14 март и треба на 16 јули да седне на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1 за обвинението познато во јавноста како „Плацеви на Водно“, во кое исто така обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, мајката на Камчев, Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Камчев во март беше приведен поради информации за наводно подготвување бегство во Бугарија, при што му беше определена едномесечна мерка притвор која потоа беше три пати продолжена. Камчев претходно нудеше гаранција од 1,7 милион евра за да се брани од слобода, но таа му беше одбиена бидејќи според Апелацискиот суд и натаму постоела опасноста од бегство.

Во реакцијата на правниот тим на Камчев, составен од Адвокатската канцеларија Савиќ, Адвокатската канцеларија Гоце Ристески, Адвокатското Друштво Наумов, Менкиноски и Партнери и Адвокатската канцеларија Еленко Миланов, се вели дека по четири месеци ефективен притвор Камчев бил со видливо влошена здравствена состојба која продолжувала да се влошува поради несоодветни медицински и санитарни услови во КПУ Затвор Скопје.

По неговото последно влошување на состојбата додека ја издржува мерката притвор и неговата хоспитализација на Клиниката за кардиологија, со оглед на ситуацијата, постои голема загриженост за сериозен ризик по неговото здравје“, се вели во реакцијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести