Сторителот е приведен во Полициска станица Прилеп

Објавил: Данаил Михајловски | 6 октомври, 2018 11:52

Прилепчанец претепан од соседот со метална патерица

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

58-годишен прилепчанец е приведен во полициска станица, откако го нападнал својот сосед со метална патерица. Тој претходно ја скршил влезната врата и го нападнал неговиот сосед.

„Вчера во 16:20 часот во Прилеп, С.Т. пријавил дека на улица „Савка Манеска“, пред сопствената куќа бил физички нападнат од страна на неговиот сосед К.К.(58), со удари со метална патерица. По физичкиот напад, според пријавеното, К.К. се упатил кон домот на оштетениот, ја скршил влезната врата и го нападнал и С.Х. Сторителот е приведен во Полициска станица Прилеп, по наредба на Јавен обвинител од истиот е одземена ловна пушка и патрони. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.