Инаку овој настан, Invictus Games е познат меѓународен настан, кој го организираше принцот Хари. Станува збор за настан каде има повеќе различни спортови а учествуваат  ранети и болни лица од вооружените сили и ветерани.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 март, 2020 10:30

Принцот Хари и легендарниот Бон Џови снимија дует (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По повод настанот The Invictus Games, еден од најпознатите рок пејачи и миленик на женската публика, Бон Џови сними дует заедно со принцот Хари.

Принцот Хенри од Велс (Хенри Чарлс Алберт Дејвид, роден на 15-ти септември 1984 година), истотака познат и како Принц Хари, е најмладиот син на Чарлс, Принцот од Велс и Диjана, Принцезата од Велс и четврт внук на Кралицата Елизабета II и Принцот Филип, војводата од Единбург. Затоа, тој е трет во линијата за наследување на престолот на 16 независни суверени држави познати како Комонвелт на Кралството и гувернер на црквата на Англија, предводена од неговиот татко и постариот брат Принцот Вилијам, Војводата од Кембриџ.
После неговото образование во различни училишта низ Обединетото Кралство и поминување дел од неговата слободна година во Австралија и Лесото, Хари го одбегнуваше универзитетското образование во замена за следење на стапките на различни кралски луѓе за уписот во војската. Тој беше овластен за потпоручник во Блуз енд Ројалс служејќи привремено со неговиот брат и го заврши неговото тренирање како командант на тенкови. Тој служеше 77 дена на фронтот во Војната Афгхан, но тој беше повлечен од војската по објавувањето на приказната во австралиско списание. Тој се врати во Авганистан поради должност во 2012 година.

Инаку овој настан, Invictus Games е познат меѓународен настан, кој го организираше принцот Хари. Станува збор за настан каде има повеќе различни спортови а учествуваат  ранети и болни лица од вооружените сили и ветерани.

Invictus Games, годинава добија и поддршка од 57-годишната рок-легенда Џон Бон Џови. Хари и Џови работеја на преработката на песната која рокерот ја сними за филмот „To Be of Service“.

Тие го снимиле дуетот во придружба на хорот на Invictus Games.
Принцот Хари не сакајќи да ги покаже своите вокални способности, реши да не пее вистински и тоа да го препушти на професионалците.
Инаку Ппесната „Unbroken“ е снимена во студиото во кое легендарните „Битлси“ снимија 11 од своите 13 албуми.

Бидејќи Хари е познат по својата хуманост, така и овој пат целиот приход од настанот ќе биде дониран во хуманитарни цели, односно за The Invictus Games.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.