Јавноста коментираше дека можеби никогаш не биле волку среќни Меган и Хари, што може и да се забележи по нивните насмевки на фотографијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 март, 2020 11:46

Меган и Хари ги собраа сите погледи: За првпат се појавија во јавноста откако заминаа од кралството

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јавноста имаше можност да ја види Меган Маркл, војвотката од Сасекс во можеби најдоброто издание до сега. Имено Меган за првпат по напуштањето на кралскиот двор и заминувањето во Канада, се појави во Лондон.

Ова е првото јавно појавување на познатиот пар откако изјавија дека се откажуваат од своите кралски должности.

Јавноста коментираше дека можеби никогаш не биле волку среќни Меган и Хари, што може и да се забележи по нивните насмевки на фотографијата.

Парот остави силен впечаток со своето појавување, особено поради нивниот став, односно тоа што двајцата изгледаа самоуверено и среќно со широки насмевки на лицата.

За посетата на Кралската палата, Меган одбра тесен светло син фустан кој ја истакнува нејзината вита става, дизајниран од Викторија Бекам, додека Хари носел темносино одело и светла вратоврска.

Инаку нивната посета се должи на тоа што Хари и Меган сакале да ги договорат последните детали за нивната преселба во Америка, но и да ги извршат последните кралски должности , како синоќешните односно присуството на доделувањето на награда.

 

Тие во Велика Британија допатуваа без нивниот син Арчи. Ваквиот потег на двојката наиде на осуда од јавноста.  Дел од мислењата во јавноста се дека тоа Меган намерно го направила за да и се одмазди на крализата Елизабета Втора.

 

Меган и Хари самостојно се откажаа од кралските должности кои официјално завршуваат на 31 март, по што ќе продолжат со својот нов живот во Америка.

Тие од идниот месец повеќе нема да можат да ја користи етикетата Сасекс Ројал, соопшти портпаролката на двојката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.