Јаковлески, со изјава дека Андов, Црвенковски и Фрчкоски биле дел од нарачателите на атентатот на Глирогов, но и со најава за политички бурна зима за премиерот Зоран Заев

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 6:42

Пријателска држава од соседството наскоро ќе објави “бомби” за Заев

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Стојан Андов, Бранко Црвенковски и Љубомир Фрчкоски, биле дел од нарачетелите на атентатот врз поранешниот македонски претседател Киро Глигоров во 1995 година.

Ова го обелодени еден од основачите на ВМРО – ДПМНЕ, Мане Јаковлески во емисијата „Отворено“ на телевизија Алфа.

Тој вели дека информацијата ја добил во Берлин од страна на тајната служба на Германија, каде и самиот бил испрашуван под сомнение дека го организирал нападот врз Глигоров.

Јаковлески вели дека планот на тогашните први луѓе во државата бил правен заедно со српската тајна служба со цел да се спречи можноста Македонија да стане самостојна држава.

Незнам дали паметите, но во тоа време, Киро Глигоров во Белград изјави дека Македонија нема намера да прави сојузи ниту со соседите, ниту по верска основа. Кога ја слушнав минатонеделната изјава на Андов ми беше чудно што тој ги спомена имињата на Црвенковски и Фрчкоски, но самиот себе си не се спомена. – вели Јаковлески.

Тој најави дека до крајот на годинава, една како што рече пријателска држава од соседството ќе објави нови т.н. бомби кои ќе се однесуваат на премиерот Зоран Заев.

И Заев го снимале некои странски служби. Во тие разговори ќе чуеме од кого премиерот земал пари за да го потпише Договорот со Грција и што работеше за да дојде на власт иако ВМРО – ДПМНЕ победи на последните парламентарни избори. – вели Јаковлески додавајќи дека Заев на власт дошол со заплашување и притисок на албанскиот политички блок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести