Премиерот Заев на борците од Народноослободителната борба им одржа лекција за што всушност тие се бореле а не биле свесни, Северна а не Македонија била основата на АСНОМ

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 ноември, 2018 8:36

Прогласот од АСНОМ за Заев е Каталог на одлуки!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Премиерот Зоран Заев со краток час по историја им одржа лекција на првоборците за што всушност се бореле во НОБ и им ги појасни разликите помеѓу Манифест и Проглас на АСНОМ.

Кога не би било трагично, ова би било смешно, што пак е одговор на прашањето зошто министерката за правда Рената Дескоска иако директно одговорна за уставните проени, молчи за бришењето на АСНОМ од Преамбулат, обидувајќи се да не се скара самата со себе.

Имено Зоран Заев на борците од НОБ им објасни за што всушност се бореле.

На средбата со членовите на Сојузот на борците, со која, како што рече, ја започнува дебатата за нацрт амандманите на уставот, премиерот се пофали дека АСНОМ не само што не се бришел туку ќе бил спомнат двапати и потоа се обиде да појасни зошто Манифестот сепак ќе го нема во Уставот, а ќе остане Прогласот како „каталог на правни решенија“. 

Манифестот на АСНОМ како политичка декларација останува важен дел од нашата историја, но во преамбулата ќе биде објаснето дека темелите на државноста ги лоцираме во правните решенија на АСНОМ а не на политичките декларации кои биле дадени во тој момент, во 1944 година, кои би можеле да се протолкуваат како аспирации ко териториите на нашите соседи. – рече премиерот Зоран Заев.

Опозицијата и критички настроената јавност постојано објаснуваат дека бришењето на Манифестот од Уставот е најголемото понижување кое некоја македонска власт му го направила на сопствениот народ, бидејќи со тоа се брише потврдата за државноста, се бришат одлуките на Заседанието, а се остава единствено потврдата дека АСНОМ се одржал.

Ако Илинденското востание беше зачетокот на идејата за македонска државност, АСНОМ беше потврда на таа државност. А потврда на државноста не е соопштението дека се свикува АСНОМ. Тоа е прогласот, соопштение дека ќе се оддржи АСНОМ, – изјави пратеникот од ВМРО – ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Инаку премиерот најави дека дебатата за амандманите на уставот ќе продолжи се до средината на декември кога Владата ќе ја испрати конечната верзија во Собранието, но потоа, пратениците ќе имаат право да предложат амандмани на амандманите, за целата операција за промена на Уставот да заврши кон средината на јануари следната година.

Потоа топката се префрла во Атина, каде Ципрас треба да ги убеди грчките пратеници да прифатат зачленување на нашата земја под новото име, Северна Македонија, во НАТО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести