Продолжува сослушувањето на заштитениот сведок кој ги потврди истите изјави дадени и во претходниот судски процес за истиот случај

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 август, 2018 10:53

Продолжува судењето за “Монструм”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Со сослушување на заштитениот сведок кој одговара на прашањата на адвокатите на обвинетите денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот “Монструм” на Специјалното јавно обвинителство за петкратното убиство кај Смилковско езеро сторено на 12 април 2012 година.

Во судницата се присутни обвинетите Агим Исмаиловиќ – Хаќи Азири – Сами Љута и Фејзи Азири кој е спроведен од затворот Шутка каде издржува затворска казна за друго дело. СЈО во овој предмет го застапуваат специјалните обвинители Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев на почетокот на денешното рочиште кажа дека од Министерството за правда добил писмо дека е во тек постапката за екстрадиција на обвинетите Демири и Исмаиловиќ од Косово.

Судијата претходното рочиште го прекина поради замореност на заштитениот сведок по неговото сослушување од страна на СЈО и еден од адвокатите од одбраната. Заштитениот сведок на минатото рочиште кажа дека останува на исказот даден на претходна постапка. Тој во судницата препозна неколкумина од обвинетите и ги опиша.

Одбраната смета дека заштитениот сведок е конфузен во одговорите и затоа се сомневаат во вистинитоста на неговите искази. Посочуваат дека на истото негово сведоштво била базирана и претходната пресуда за “Монструм” што беше укината на Врховен суд а предметот вратен на повторно одлучување.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 годинa кога беа убиени момчињата Кире Тричковски – Филип Славковски – Цветанчо Ацковски – Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири – Африм и Агим Исмаиловиќ – Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ – Хаќи Азири – Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите случајот “Монструм” го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.