Врховниот суд лани ги укина пресудите и ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ - Хаќи Азири - Сами Љута и Фејзи Азири по што им определи мерки на претпазливост

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 август, 2018 11:14

Продолжува судењето за случајот “Монструм” каде СЈО ги спасува обвинетите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во кривичниот суд во Скопје денеска продолжува и судењето за предметот “Монструм” на Специјалното јавно обвинителство за петкратното убиство кај Смилковско езеро сторено на 12-ти април 2012-та година.

Претходното рочиште беше одложено поради болест на судијата Осман Шабани.

На последното рочиште за “Монструм” се гледаа аудио и видео снимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7-ми мај 2012-та година од страна на истражен судија и обвинител во Кривичниот суд.

Пред Судот исказ даваше и сведокот Сашо Лазаревски сосед на едно од убиените момчиња.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12-ти април 2012-та година кога беа убиени момчињата Кире Тричковски – Филип Славковски – Цветанчо Ацковски – Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски беше отворен предмет “Монструм” а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири – Африм и Агим Исмаиловиќ  – Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите и ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ – Хаќи Азири – Сами Љута и Фејзи Азири по што им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите случајот “Монструм” го презема СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.  

За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.