Денеска одгледувачите на овци од Македонија одржуваат мирен протест пред Министерството за земјоделство.

Објавил: admin@magazin | 20 декември, 2018 12:00

Протест на овчарите пред Министерството за земјоделство

Фото/Текст извор: ©онлине магаѕин

Одгледувачите на овци од Македонија денеска одржуваат мирен протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поради, како што велат, алармантната состојба во овчарството.

Одгледувачите на овци бараат средба со ресорниот министер Љупчо Николовски за да укажат дека откупната цена на јагнето е пониска од производната, а минимални се и субвенциите за плодна овца и оставено женско јагне.Веднаш откако дојдоа пред МЗШВ, претставници на овчарите беа примени од Благојче Веселиновски, советникот за сточарство на министерот. 

Речиси веднаш откако дојдоа пред МЗШВ, претставници на овчарите беа примени од Благојче Веселиновски, советникот за сточарство на министерот. Тој за МИА изјави дека барањето на одгледувачите на овци ќе бидат разгледани, но ќе биде презентирана уште еднаш и поддршката што ја дава МЗШВ во овој сектор.

Тие се жалат дека се дојдени на работ од сиромаштијата, зашто секоја година се соочуваат со загуби од 2.000 – 5.000 евра.

Одлучивме да реагираме со протест за да видат дека постоиме. И претходната и оваа власт нема слух за овчарите. Отворени сме за средба со МЗШВ и благодарни сме што не примија. Но, очекуваме во текот на разговорите да присуствува и министерот Николовски, изјави Митко Јанков, одгледувач на овци од Велешко.

Протестот го поддржуваат Националното здружение на овчари, Регионалното здружение на западна Македонија, Земјоделското здружение „Агро центар“ – Велес, „Орлови бари“ – Битола и „Рудо јагне“ – Прилеп.

Од Министерството за земјоделство велат дека Николовски во моментов е на состанок, но оти во текот на денешниот ден ќе се сретне со одгледувачите на овци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...