Во понеделникот вечерта во седиштето на СДСМ на улица Павел Шатев (некогашна Бихаќка) се одржал состанок на кој присуствувале Заев, Шеќеринска, Оливер Спасовски, Миле Зечевиќ и Кирацовски.

Објавил: Данаил Михајловски | 27 ноември, 2018 23:49

Радмила сака, Заев да оди за претседател!

Фото/Текст извор: ©магазин

Додека јавноста се замајува со „муабетите„ од типот што имал Груевски за доручек во Будимпешта или  дали пак  Фросина Ременски и Елизабета Канческа ќе се усогласат за законот за селективна амнестија, во СДСМ на големо се одвива озбилна внатрепартиска борба, за превласт во владата.

Во понеделникот вечерта во седиштето на СДСМ на улица Павел Шатев (некогашна Бихаќка) се одржал состанок на кој присуствувале Заев, Шеќеринска, Оливер Спасовски, Миле Зечевиќ и Кирацовски. Тема на разговор била бројката од 2/3 мнозинство за смена на уставот, што од ветеното може, а што мора да се исполни за да се задржат 8-те пребегани опозициони пратеници, кога во Јануари да се темпира гласањето за конечна смена на уставот и како да се настапи на претседателските избори.

Заев најмногу се задржал на проектот смена на уставот, задржување на мнозинството и известил за средбата што тој во Струмица на таа тема ја имал со Никола Тодоров и Митко Јанчев, градоначалникот од Кавадарци. Интересно е притоа што Шеќеринска се надоврзала на излагањето, со тоа дека процесот на уставни измени го смета за апсолвиран,  и дека истиот ќе се заврши според планот, но дека за неа е поважно овој период да се искористи за подготовка, за настап на СДСМ на претседателските избори во Април 2019-та година.

Седиште на партијата на власт која освои само 49 пратеници

Таа притоа, не пропуштила прилика да истакне дека она што таа го слуша од дипломатите и од политичарите Албанци во Македонија е дека Заев е најсоодветното решение за консензуален кандидат на СДСМ и ДУИ за претседател на државата. Самиот Заев и Оливер Спасовски биле воздржани околу оваа констатација, а Заев пак рекол дека не треба да се брза и дека има уште време да се донесе конечната одлука.

Во СДСМ, според нашиот извор, не е тајна дека Шеќеринска навива за таков исход во кој Заев ќе истрча за претседателски кандидат, со големи шанси за победа, а таа да го превземе премиерското место во владата. Но, проблемот е во тоа што Заев има поголема доверба во Оливер Спасовски, отколку во Шеќеринска.

Токму овој момент влијае на жестокиот притисок во јавноста врз министерот Спасовски, од кого лично се бара да понесе одговорност и да си даде оставка заради неговата премолчена согласност или неспособност да го спречи бегството на Груевски. Впрочем, доколку добро се следат медиумите лесно е да се забележи дека токму телевизиите и портали блиски до СДСМ, особено новинари и аналитичари блиски до Шеќеринска, ја пласираа тезата дека министерот Спасовски или знаел или требало да знае за планот “Будимпешта“. А штом знаел, значи било договорено, а штом е договорено со Груевски, нема друго освен оставка на Оливер Спасовски, што би било и крај на неговата политичка кариера.

И така секој ден, не случајно, еднаш се праќа пораката преку Борјан Јовановски, па потоа преку Сашо Орданоски, па после долга хибернација се јавува Уранија Пировска, па се јавува поранешниот началник во МВР Трпе Стојановски кај Сања Васиќ на Телма, и кој знае уште кој се ќе се истакне во следниве денови и недели. И добро е да се лоцира одговорноста, особено во однос на Спасовски, но зад овие медиумски дебати исто така добро е да се знае дека на крилото на Шеќеринска во СДСМ, не му е дојдено до принципот на одговорност, туку до користење на шансата од политичката сцена да се тргне единствениот внатрепартиски конкурент на Радмила.

Оливер Спасовски важи за човек од доверба на Заев. После бегството на Груевски, токму од медиумските перјаници блиски до Шеќеринска е посочен како главен одговорен за овој скандал и од него се бара да поднесе оставка од функцијата министер.

Не случајно во овој момент Телма излегува и со анкети за политичарите во Македонија, на кои се потенцираат две работи за Заев: прво, дека вкупниот рејтинг му е во благо опаѓање, и второ, дека кај гласачите Албанци е неприкосновено популарен, дури повеќе и од Ахмети и од Села. На тој начин се создава атмосфера дека Заев е тој од кој што треба рационално да одлучи и да влезе во претседателската изборна трка. За Заев да разбере подобро, дел од соработниците, меѓу кои и блиски луѓе на Шеќеринска, го убедуваат Заев дека тоа е за него одлична прилика за достоинствено повлекување од фронталната политика во која влезе многу ризично, со сомнителни разузнавачки материјали, но и со многу неостварливи ветувања, за кои, доколку биде избран за претседател, нема да мора да се правда пред граѓаните зошто не ги исполнил.

И дотука, што би рекол Заев, има дијалог. Но, кој би седнал на премиерската фотеља, дали Шеќеринска или Спасовски, останува еден голем камен на сопнување. Шеќеринска има преголема желба да биде премиер, додека пак Оливер Спасовски, барем засега, има желба да ја преживее кризата со бегството на Груевски и да остане министер за внатрешни работи.

Како и да е, најкасно пред крајот на Јануари ќе биде јасно кој победил, а кој е губитникот во оваа борба за превласт во владејачката СДСМ!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...