Иако Владата на жителите на Радовиш и радовишко им ветила решение, по 8 месеци сеуште граѓаните дишат токсичен чад од депонијата, која постојано се опожарува, од човечки фактор

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 септември, 2018 7:39

Радовишани со недели дишат чад од депонијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Речиси цела недела гори депонијата во Радовиш. Темен чад се надвиснува над градот а тешкиот мирис ги гуши жителите и им влегува во домовите. Велат дека со денови е така, го вдишуваат отпадот којшто се складира во депонијата лоцирана непосредно до последните куќи.

Противпожарните возила постојано гасат, но и по пет дена пожарот не е целосно изгаснат. Тлее и чади на повеќе места. Засега е под контрола но не е исклучена можноста од повторно запалување со оглед на високите температури и ветерот.

И полицијата е на терен и собира докази за причините за пожарот за кој постои сомневање дека е предизвикан од човечки фактор.

Општината упати апел во кој бара од институциите помош во контролата и набљудувањето на депонијата бидејќи има основано сомение дека депонијата се пали намерно и да се врши контрола на отпадите кадешто може да заврши отпадот којшто се собира од градската депонија.

И покрај активностите на надлежните институции, низ депонијата се уште се движат собирачи на метал и пластика. Велат дека тие се внимателни при собирањето на материјалите, а причината за пожарите да се бара кај други сторители. Не сакаа да зборуваат пред медиумите.

Освен големите депонии, Југоистокот врие и од диви депонии во секое населено место и во речните корита. Решението регионот го гледа во депонијата Шапкар која што треба да го опслужува целиот југоисточен регион.

Владата уште во март ја промовираше идејата за регионални депонии во јавно приватно партнерство, но не прецизира кога ќе почне со нивна изградба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести