Тој револтиран затоа што сметаше дека јас лично персонално не му давам вода ме опцу и ме удри два пати со тупаница во пределот на лицето.

Објавил: Рејхан Бајрами | 30 август, 2019 20:29

Раководителот на тетовски Водовод Самедин Абедини добил ќотек на работното место!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Раководителот на работната единица „Водовод и канализација” при јавното комунално претпријатие „Тетово” Самедин Абедини бил нападнат во неговата канцеларија од жител на градот кој бил незадоволен што не добил приклучок за вода за новоизграден објект.

Лицето што го нападнало Абедини барал водоводни цевки да има до објектот што се наоѓа на патот од Тетово кон Фалише.

Јас се потрудив да му објаснам дека на тој дел ЈКП односно водовод нема изградено инфраструктура и му реков да се обрати на сектор за комунални дејности и на ниво на општина. Тие треба да изградат водоводната мрежа за да може водовод после изградена водоводна мрежа да даде приклучок на спомената локација.

Тој револтиран затоа што сметаше дека јас лично персонално не му давам вода ме опцу и ме удри два пати со тупаница во пределот на лицето. Интервенираа колегите, главниот мајстор ми беше присутен овде на самото место и двајцата колеги од друга канцеларија набрзина интервенираа го зедоа со сила и го извлекоа надвор и тој отиде во непознат правец, изјави Абедини.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...