Заев пред две недели тврдеше дека ќе се 4 уставни амандмани, сега не им го знае бројот, пред три дена тврдеше дека Рамковниот договор нема да е амандман, синоќа го најави

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 ноември, 2018 8:11

Рамковниот договор сепак ќе е уставен амандман, што го премисли Заев?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По синоќешниот договор со одметнатите пратеници за прифаќање на нивните уставни амандмани, Владата амандманите ќе ги преточи во текст кој повторно ќе оди на проверка кај пратениците.

Заев синоќа не можеше да прецизира колку уставни амандмани Владата ќе достави. Тој вели дека е важно тие да бидат во духот на Договорот од Преспа. Тој спомена дека може да бидат четири, пет или шест амандмани.

Денес се очекува конечно Владата уставните амандмани да ги достави до Собранието, што е и последниот законски рок.

За барањето на ДУИ во амандманите да биде содржан и Рамковниот договор, премиерот не прецизира дали и тој ќе е дел од уставните амандмани, со образложение дека и ноќеска Владата ќе работи на текстот на амандманите.

Премиерот пред три дена изјави нешто сосема друго.

Охридскиот рамковен договор е составен дел од Уставот на Македонија. Тој веќе е вграден по потпишувањето на Рамковниот договор.

Сакам да упатам порака дека инклузивноста на процесот е важна, но притоа не смееме со своите амбиции да го застанеме целиот процес и го минимизираме времето неопходно за донесување на сите неопходни чекори што се проектирани некаде за средината или втората половина на јануари. – изјави премиерот Заев во врска изјава на вицепремиерот Бујар Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести