Турција се придружи во НАТО алијансата во далечната 1952 година, во време на целосна доминација на САД на континентов и Блискиот Исток. Во тоа време, вооружените сили на Турција беа втора најголема по бројност во НАТО, после САД.

Објавил: admin@magazin | 3 јули, 2018 20:19

Реџеп Таип Ердоган – Кошмарот на Европа

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Кошмарот на Европа, е многу пострашен со нејзиното нагло будење и соочување дека фобиите најпрво од Селџуците, а подоцна и од Отоманците, денеска се свесно преспана реалност со чие соочување тешко се справуваат европските мислители и граѓанството. Денес живеат 10 милиони етнички турци во Европа, огромен дел од нив почитувани работници, познати и признати по својата чесност, лојалност и трудољубивост.

Турција се придружи во НАТО алијансата во далечната 1952 година, во време на целосна доминација на САД на континентов и Блискиот Исток. Во тоа време, вооружените сили на Турција беа втора најголема по бројност во НАТО, после САД. Турските генерали ја водеа Анкара позади сцената на која настапуваа разни познати и помалку познати политичари. САД и ја овозможија заслужената положба на Турција како мала, но моќна прозападна сила во светот, а внатре, прозападната елита беше почестена да ги следи прозападните текови и да го чува Исламот во Турција на периферија и воглавно во руралните региони.

Истамбул – единствениот град во светот кој се простира на два континенти

Сето тоа се чини се промени со доаѓањето на местото Градоначалник на Истамбул, на тогашниот млад 40 годишен националист (1994 година), Реџеп Таип Ердоган. Тој почна со реформи и модернизација на големиот и валкан град, а после краткиот период на издржување на затворска казна за јавно читање на древна исламска поема, ја формира партијата со која во 2003 година, бившиот полупрофесионален фудбалер и реформатор е избран за Премиер на Турција.

Тука веќе немаше запирање за Ердоган. Влијанието на западот во периодот пред Ердоган е забележливо преку контролата која армијата ја имаше над националните медиуми, образованието, судството, дипломатскиот кор и големите бизниси и економијата. Во ерата пред Ердоган, Турција се соочуваше со катастрофални и апокалиптични економски параметри (Турците се чини никогаш во историјата не биле најдобри со финансиите – Ерменци, Евреи и Грци биле главни во водењето на економијата уште во Отоманската империја). Турците, историски познати како одлични војници, готвачи и градители, за време на Ердоган се чини го вратија својот идентитет и успеаја да ја унапредат економијата, да стануваат поефикасни, и генералната позиција на Турција на светската мапа се измени кон подобро.

Турската армија е една од најмоќните во светот

Бројната армија од 600.000 лица беше „вратена“ во своите касарни наместо да се занимава со политика. Моќта на генералите беше нормализирана во најголема мера, со што менталитетот на новиот граѓанин на Турција почна да се гради повторно и да се ослободува.

 Е сега, како денес повторно за некои Турција станува заробена држава, за некои лулка на слободата,  е прашање на кое не може да се даде одговор без истиот да биде субјективен. Општеството беше на добар пат да се подели во неколку наврати на т.н. преврати во центрите на моќ. Непријателството кон Ердоган се зголеми со неговата последна победа на претседателските избори во Турција, со новите овластувања и зголемена концентрирана моќ како Претседател. Посебните односи кои ги гради со Сирија, поддршката на Палестина, унапредените односи со Русија и Кина, како и влијанието врз сите соседни земји и земји од најблиското опкружување, го направија Ердоган еден од најмаркантните ликови во историјата на Турција, рамо до рамо со ликот на Кемал Мустафа Ататурк, таткото на модерна Турција.

Поддршката која Ердоган ја дава на концептот на суверенистите наспроти концептот на глобализам и безидентитетски граѓански држави насекаде во светот, а посебно во Европа, неговиот европеизиран исламизам наспроти радикалниот поттикнат од финансиски центри на моќ, го чини еден од најважните глобални играчи во моментов, освен со реалната сила и економските параметри и со идеолошката подлога и концептот кој го нуди за иднината.

Ердоган е ликот кој се наметнува на врвот на бранот на промените и целосното редефинирање на Европа, како и односите помеќу Западот и Истокот. Поддршката која недвосмислено е на страната на Република Македонија, го прави Ердоган почесен член во актуелните историски текови во нашата земја и прашање на време е промената на историскиот наратив на „поробувачи“ со „бранители“ на нашиот идентитет на Турција, без притоа да се формираат разни комисии на историчари и политички претставници.

Едноставно, неговиот концепт допира до секого без притоа да е потребна било каква интервенција и притисок од медиуми, центри на моќ и пропаганда. Со тоа всушност се отвора патот на новата форма на борба помеѓу коорпоративните системи на контрола и припадност, наспрема застанување на страната на обичниот човек.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...