Рибизла моќен лек за вашето здравје!

Објавил: Владо Марин | 1 март, 2020 21:30

РИБИЗЛА – Природен лек со најголема моќ

Фото/Текст извор: ©Магазин

Рибизлата е богата со витамин Ц, но содржи и органски киселини, пектини и танини.

Рибизлата се послужува како десерт. Од рибизлите се прави мармалад, џем, желе, сируп или многу барани овошни сокови, и тоа од црната и црвената рибизла.
Рибизлата се користи во слаткарството и во кулинарството како додаток во овошните салати. Познато е и виното од рибизла.
Коренот и семките на рибизлата содржат доста гама-линоленска киселина, делотворна како добар лек предменструален синдром. 

Добра да се јаде и во случај на грип, зарипнатост, кашлање, гихт, реума, анемија и недостиг од витамини со цел да се зајакне организмот.

Црната и црвената рибизла се мали и вкусни бобинки кои доколку ги конзумирате редовно, вашето здравје навистина ќе се подобри. Црната рибизла е билка која наликува на црвената, а разликата е во тоа што листовите на црната рибизла од долниот дел имаат маслени жлезди. Рибизлата има лековито дејство со оглед на количината на витамин Ц, а плодот на црната рибила спречува и оздравува од тешки инфекции, пред се од воспаление на белите дробови!

Плодовите и сокот се многу корисни кај бубрежните болести и грчевитите болки на органите на дигестија.

Се препорачува за зајакнување и чистење на крвта. Листовите ја покренуваат работата на бубрезите и делуваат корисно кај сите појави на ревматските болести и гихтот, и кај згрутчувањето на крвта во крвните садови. Чајот од листовите на црната рибизла се препорачува кај водена болест, болно мокрење, пролив, мигрена, грчевито кашлање, како и против создавање на болести на мочниот меур.

Црвната рибизла е грмушеста билка со висина од 1 до 2 метри, зависно од тлото и положбата. Некои видови растат во облик на мало дрвце кое има многу кршливи гранки.

Зеленкасто-жолтите цветови висат од гроздови. Големината на бобинките изнесува 5 до 7 сантиметри.

Многу се сочни и во месото на плодот се наоѓаат долгнавести семки. Билката е без мирис, а бобинките на црвена рибизла го засилуваат апетитот, делуваат на зголемено излачување на жлездата за плунка, а поради многуте семки кои не се разградуваат ја регулираат работата на цревата.Имаат киселкасто-сладок и освежувачки вкус.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...