И амбасадата на Русија во Македонија и руското министерство за надворешни работи со кратки коментари дека 2/3 од граѓаните на Македонија и рекле "не" на спогодбата од Преспа

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 9:25

Руската амбасада: Гласачите одлучија да бојкотираат наметнати решенија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Руската амбасада во Македонија преку профилот на социјалната мрежа “Твитер” се огласи во врска со референдумот за прифаќање на договорот со Грција.

Резултатот од референдумот во Македонија сведочи дека гласачите одлучија да бојкотираат наметнати решенија. Две третини од македонските граѓани не ја поддржаа преспанската спогодба. Таа е спротивна на македонскиот Устав и меѓународното право. – наведе амбасадата.

Слична порака за референдумот испрати и Руското министерство за надворешни работи, од каде што истакнаа дека референдумот е нелегитимен и упатија обвинување до НАТО и ЕУ за мешање во внатрешните работи на земјата за време на кампањата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести