На саемот како и секоја година, учество ќе земат добро познатите македонски издавачки куќи, но и оние од регионот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 април, 2019 18:33

Саем на книгата од 8 до 14 мај во „Борис Трајковски“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

За сите љубители на книгата, имаме одлична вест. Од 8 до 14 мај во ВИП Арената Борис Трајковски ќе се одржи 31-то издание на Саемот на книгата. Овој саем веќе втора година по ред се одржува на оваа локација. 

Љубителите на книгите може да купат литература од својот омилен автор

На саемот како и секоја година, учество ќе земат добро познатите македонски издавачки куќи, но и оние од регионот, поточно од Унгарија, Србија, Косово и Албанија. Планирани голем број на промоции, средби со автори и големи саемски попусти.

Унгарија ќе се претстави како земја во фокусот на овогодинешниот Саем на книгата 2019, бидејќи Амбасадата на Република Унгарија организираше национално претставување на унгарската литература.

“Подготовките се во завршна фаза. Како и секоја година Министерството за култура како покровител на саемската манифестацијата, очекуваме да овозможи поддршка на издавачите, овозможувајќи соодветни услови за промоција на литературата и издавачката дејност на Саемот на книгата 2019. Саемската манифестација која пред сè го слави читањето, ќе се одржува во периодот од 8. до 14. мај. Имајќи го во предвид националниот интерес и значење на Саемот на книгата, очекуваме активно учество на Министерството за култура”, изјави проект менаџерот на Саемот на Книгата, Сања Кондарко.

Овој саем, кој зад себе има 30-годишна традиција, како еден од најголемите културни настани во земјата, е добро познат помеѓу љубителите на книгата. Очекувањата се дека овогодинешниот Саем на книгата со својата богата изложбена програма ќе ја надмине рекордната бројка од околу 45.000 посетители.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.