За потсерување, Игор Џамбазов неодамна во интервју за Точка изјави дека од кога ќе замине од овој свет ќе остави зад себе нешто што не смрди.

Објавил: Весна Петровска | 15 октомври, 2019 10:17

ШОК И ВРИСОК: Фановите сите гледаа во Игор Џамбазов – емотивна средба со неговата ТАЊА

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Македонскиот шоумен доживеа шок за време на Саемот на книга. Вистинско изненадување му приреди сестрата на Игор Џамбазов, Тања, која повеќе од дваесет години живее во САД, и без да знае тој, таа прексиноќа ненајавено се појави на неговата промоцијата на новата книга „Умрен човек“ на Саемот на книгата на штандот на „Три“.

Тања скриена со книга пред лицето мирно застана во редот со почитувачите на Игор, чекаќи 15 минути за потпис на книгата, пишува СДК.мк

Кога се сретнаа имаше врискотници, прегратки, смеа, преголема радост… Публиката, па и од издавачот „Три“ беа збунети несфаќајки што се случи.

Тања е архитектка која со успех работи во компанија за дизајн на софтвер во Сан Франциско.

За потсерување, Игор Џамбазов неодамна во интервју за Точка изјави дека од кога ќе замине од овој свет ќе остави зад себе нешто што не смрди.

Во едно интервју на Игор Џамбазов за Точка, открива што најмногу го  натажува во животот, еве што изјави тој тогаш

– Ме натажуваат медиокритетите кои се повеќе ги има, ме натажуваат луѓе кои не можат да сфатат дека не се стои во место, подобро тргни назад отколку да стоиш во место. Што знам, јас сум можеби човек што ме забавиле некои работи во животот, но ти тврдам дека сум успеал, не обратно како што велат сум ја сочувал приватноста од кариерата, не, обратно, сум ја сочувал кариерата од приватноста. Тоа мене ми беше многу поизразено, изјавил шоуменот

Многу пати во животот сите ние ќе доживееме разочарување, од другите, знаеме да бидеме разочарани и од самите себеси. Што најмногу те разочарало во животот?

-Па во повеќе нешта, да речеме од луѓето што не ме сакаат многу па се трудат јавно да ми замерат затоа што немам семејство, тоа е навистина еден поразителен факт за мене, оти семејството подразбира се’, едно спокојство, еден мир, една позитивна урамнотеженост на која ние раковите треба да бидеме подложени, ама јас сум во подзнак стрелец и тој ми ги растура сите можни комбинации. Инаку јас сум човек кој навистина сака семејство и дом. Јас на пример, едно 7-8 години не сум бил нигде, еве денес бев да давам интервју во Зебра, а навистина не знаев ни што е „Зебра“, не знаев каде е Арабеска, каде што правевме прес конференција. Но затоа ги знам сите кафани од Слепче до Битола и Кичево, мене тие места ми се интересни, отколку овие модерниве, ексклузивни. Еве сега ме гледаш во сако, затоа што правам кампања, кога би дошла кај мене ќе ме видиш во најстари тренерки, искрено изјавил Џамназов

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.