Студија објавена деновиве во списанието Општествени науки и медицина открива дека луѓето кои читаат книги живеат подолго од оние кои не го прават тоа.
Истражувачите од Универзитетот Јеил тестирале 3.635 учесници постари од 50 години за нивните навики за читање.
Испитаниците биле поделени во три групи – оние кои не читаат, луѓе кои читаат помалку од 3,5 часа неделно и такви кои читаат повеќе од 3,5 часа во текот на неделата.
Истражувачите ја следеле секоја група дури 12 години. Луѓето кои најмногу читале биле образовани жени со високи примања.
Придобвики од читањето-Читањето е храна, но и фитнес за мозокот. Исто како на мускулите, и на мозокот му е неопходно вежбање за да остане во добра форма. Читањето нуди забавна ментална стимулација, која го одржува мозокот активен. Колку повеќе го ангажирате мозокот, толку посилен и поздрав ќе биде и ќе ве служи подолго време. Научните истражувања потврдуваат дека редовното читање книги го намалува ризикот од Алцхајмерова болест кај старите лица и го забавува напредувањето на болеста.
За време на истражувањето, утврдено е двете групи читатели, живееле подолго од оние кои не читале книги.
Читателите кои читале повеќе од 3,5 часа неделно, живееле 23 месеци подолго од оние кои воопшто не читале.
Истражувачите заклучиле дека животниот век може да се продолжи со едноставна активност како што е читањето.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.