Дел од автобусите во Скопје добија четири различни книги зa читање.Граѓаните во текот на возењето ќе можат да се заниваат со читањето на книгите поклонети од книжарата "Полица".

Објавил: admin@magazin | 15 декември, 2018 9:21

Поставени “книги за читање” на седиштата во автобусите во Скопје

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Од пред некој ден во дел од автобусите на ЈСП граѓаните имаат можност да читаат книги додека се возат. Книгите се поставени на седиштата.

Ново отворената книжарница „Полица“ на седиштата на автобусите постави извадоци од четири жанровски различни книги а целта со овие книги е во нив да можат да уживаат луѓе што имаат голема љубов и почит спрема книгата. Извадоците се од збирката раскази „Преобразба“ на Франц Кафка, автобиографијата „Јас, тајкунот“ на Мирослав Мишковиќ, детската книга „Како да снимиш филм“ од Радивоје Андриќ и „Допир од далечина – Иан Кертис и Joy Division“ од Дебора Кертис.

Со кампањата насловена „Читај на екс“, „Полица“ сака да покаже дека може да се чита и дека е навистина кул тоа да се прави насекаде – на екс, од нога, во автобус… Читањето е една од најблагородните активности за човекот, која треба да ја поттикнуваме и кај себе и кај другите околу нас, давајќи им сопствен пример изјави актуелниот директор на Полица Јове Тодоровски.

„Целта ни е да ги поттикнеме луѓето да читаат што повеќе, а особено онаму каде што имаат на располагање време. Додека се возат на работа, на училиште или на пазарување, луѓето имаат 10, 20, 30 минути што можат да ги поминат наместо на телефон – во квалитетно читање. Нашата издавачка куќа има наслови за секој читател, кои од минатата среда можат да се најдат и во нашата новоотворена книжарница во центарот на градот“ вели Јове Тодоровски, директор на „Полица“

Во денешно време негувањето на книгата опаѓа и со тоа културата го губи својот значај. Со овој потег на новоотворената книжарница Полица, се дава уште еден поголем мотив и значај на книгата во литературата.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...