Од се по нешто, законите, вработувањата, тендерите, политичарите, договорот, името, речиси сѐ со препознатливиот хумор на „Бубамара“ не пропуштете во Недела во 20 часот на Канап 5

Објавил: Македонка Димкин | 23 февруари, 2019 21:36

Сашко Коцев призна и тој бил „ВМРОвец„ на годинашното издание на Златна Бубамара!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Сите викаат дека годинава сме имале многу материјал. Да, има материјал, ама не е смешно. Во последно време никому не му верувам, само на „Метео 5“. Но ова со промената на името посебно е јако кога ќе најават дека ќе дува северен северен ветер во северна Северна Македонија. Кога ќе најават дека ќе дува ветер во Куманово, Скопје, луѓе земаат боледување.

Се прашувам како може да правите толку глупости во еден ден. Многу рано станувате, па спијте бе луѓе. И кога ќе отидат на работа до 12 се поздравуваат само со „кај си бе баџо, здраво тето“. Па се собираат и викаат „што глупости да направиме, сакате ли да им ги смениме знамињата…“ Оваа година најтешко беше за карти, не се знае кого ќе соберат, ќе има ли пресуда… И една не можеме да ја најдеме, залутала, отишла дури во Будимпешта.

И еве сега дупка има во публика. Не сакаме дупки да има, поарно ќе ги отвориме вратите па нека влезат тие што немаат карта. Па ние имаме посебен човек за на врата, Крсто вратарот. И нонстоп некакви забелешки добиваме за „Бубамара“, но само да ви кажам додека дишам, додека го дишам овој воздух, јас ќе се борам картата да биде 500 денари и ќе бидам водител на „Бубамара“ – беше само дел од стендапот на Сашко на „Златна бубамара“. Законите, вработувањата, тендерите, политичарите, договорот, името, речиси сѐ беше опфатено со препознатливиот хумор на „Бубамара“.

Бесчувствителни сме станале, влеговме во НАТО ја не ни осетив, еден човек не заплака.

Од турските серии народ веќе не може да заплаче. Не ни сакавме да влеземе, не убутаа. Уствари ние се убутавме, како на шалтер што идат преку ред, само да прашам нешто. И ме интересира ако имаме повеќе војска нашата дама дали ќе се снајде. Она сигурно на сопругот вежба по дома „Мирно!“. Многу жени се собраа. А претходната пак на МВР сигурно секој ден го легитимирала по дома. За некои работи велат дека треба да се има „јајца“, се испостави дека за НАТО треба да се има бенка. Летоска лапате рипче договор кога потпишувате на езеро. А требаше да биде у Скопје, ама ради комарците не бивало. Не се прска против комарци. Не се слушал авионот.

Што сакате у 5 ли да станат, уште повеќе глупости ќе направат. И треба да се праша зашто сите комарци што пијат крв се набутани у Скопје. И сите договори се потпишуваат на езера, ама немаме гајле имаме уште езера за потпишување, после Дојранско, ќе ги фатиме вештачките, а тендерите на реки – вели Сашко.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.