Традиционално, Град Скопје ја осветли новогодишната елка, во вонредни околности, во време какво што живееме, без посебен настан.

Објавил: admin@magazin | 7 декември, 2020 20:09

СВЕТНА НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА ВО СКОПЈЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СВЕТНА НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА ВО СКОПЈЕ!

Традиционално, Град Скопје ја осветли новогодишната елка, во вонредни околности, во време какво што живееме, без посебен настан.

СВЕТНА НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА ВО СКОПЈЕ!

Драго ми е дека имаме многу присутни наши сограѓани и дечиња, што ја оправдува одлуката на градот да влеземе во една новогодишна атмосфера, онолку колку што можеме имајќи ја предвид пандемија.

Јас сум среќен што плоштадот и оваа година ќе означува нови почетоци и желби за еден понормален и поздрав живот, каков што имавме пред да не зафати светската пандемија, изјави градоначалникот Шилегов!

Ги замолувам граѓаните коишто ќе бидат присутни на плоштадот, да се придржуваат кон правилата за однесување согласно протоколите, да уживаме во атмосефата којашто ја имаме, меѓутоа во исто време да мислиме и на сопственото здравје и на здравјето на нашите најмили.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.