Села со јасен став дека поминале или не уставните измени, Заев мора да оди на избори затоа што го нема кредибилитеот да ја води државата од функцијата Премиер на Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 11 октомври, 2018 13:40

Села: Оставка за Османи и веднаш на избори

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По отворањето на истражна постапка за вицепремиерот и министер за евроинтеграции од редовите на ДУИ, Османи, се огласи Алијансата на Албанците на Села.

Ние како партија го кажавме нашиот став и да се случат уставните промени, мислам дека владата веќе нема морален кредибилитет за да продолжи, Заев за да продолжи како премиер. И да се случат уставните промени, подобра варијанта би била и така веќе со закон треба да има техничка влада. – потенцираше Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците.

При своето излагање во еден момент Села напомена дека Зоран Заев немаше да има влада ако не го исполнеше условот да се прифати законот за јазици.

Зарем Бујар Османи е незаменлив, прашува Зијадин Села:

Бујар Османи утре треба, не да даде оставка туку да биде разрешен од премиерот, бидејќи која е логиката да ги гледаме Груевски и Мијалков да одат по судови, а не се дел од власта. Или ако не го разреши, нека ги земе и нив и нека бидат дел од власта и нека продолжат барем полесни ќе им бидат уставните промени! – вели Зијадин Села.

Граѓаните веруваа дека Заев ќе им понуди нешто ново, но ги разочара, затоа решение се само избори вели Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести