Семејството на трагично загинатиот Шабан Шаулич денеска одбележа помен од 40 дена.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 март, 2019 18:10

Семејството одржа помен за трагично загинатиот Шабан Шаулиќ- ова е најпотресната сцена од гробиштата

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Семејството на трагично загинатиот Шабан Шаулиќ денеска одбележа помен од 40 дена. Шабан загина на 17 февруари а неговата сопруга Гоца, пати во четири ѕида.

На гробот на кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ беа присутни неговите две ќерки, синот, сопругата на Шабан како и многу пријатели од естрадата и роднини на пејачот ФОТО: Курир.РС

На денешниот помен таа едвај се држела на нозе, стоела немоќно пред гробот на нејзиниот трагично загинат сопруг а цело време ја тешел нејзиниот син Михајло. Илда и Санела, ќерките на кралот на фолк музиката, на гробот оставија бели кали и запалија цигара во чест на нивниот татко.

Санела покрај гробот остави запалена цигара бидејќи пејачот пушеше се додека беше жив.

Најпотресната сцена се случила на крајот од погребот кога вдовицата на Шабан, тргнала накај својот дом прегрната со децата кои цврсто ја држеле бидејќи, таа немала сила ниту да оди. 

Синот Михалјо цело време додека траел погребот ја држел цврсто својата мајка, која се уште не може да се совземе по смртта на Шабан ФОТО: Курир.РС

Гоца како што велат нејзините роднини, по смртта на Шабан изгубила дел од себе.

– На сите ни е тешко, но на Гоца и е најтешко. Нејзиниот живот беше исполнет само со Шабан. Од утро до мрак таа се занимаваше само со него, затоа и сега и е тешко. Тие беа многу поврзани. Се уште не е добро, пие лекови за смирување. Не спие навечер. Не излегува од домот, бега од луѓето, не сака да разговара за Шабан, бидејќи знае дека некој ќе ја праша. Нема сили да разговара за него. Се уште неможе да поверува дека го нема. Од друга страна седи дома, бидејќи тука и се сите спомени поврзани за него. Нејзините ќерки и синот доаѓаат секој ден да ја посетат, се трудат да не ја оставаат сама.

Инаку 40 дневен помен за трагично загинатиот пејач Шабан Шаулиќ се одржа денеска на новите гробишта во Белград во Алејата на заслужните граѓани.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.