Метју Нимиц американскиот дипломат кој 23 години го беше медијатор на спорот за името

Објавил: Узунов Бобан | 12 јануари, 2019 12:23

Се јави и човекот кој 23 години беше вклучен во спорот со името

Фото/Текст извор: ©магазин

Метју Нимиц, специјален претставник на Обединетите нации за спорот за името меѓу Грција и  Република Македонија. Метју Нимиц во изминативе 23 години нема поминато ден без да помисли на еден збор „Македонија“. 

Од 1994 година, Нимиц се обидуваше да преговара за решавање на најчудниот меѓународен спор во светот, во кој Грција приговара за името Македонија и одбива да ѝ дозволи да се приклучи во НАТО или ЕУ додека не биде сменето

„Веројатно мислев на тоа повеќе од кој било друг – вклучувајќи ги и луѓето во земјата“, вели 78-годишниот американски дипломат. 

Кога Нимиц почна да работи на спорот, тој служеше како специјален пратеник на американскиот претседател Бил Клинтон, но од крајот на 1999 година тој е личен претставник на генералниот секретар на ОН – а неговата задача бешее полека да ги поттикне двете страни кон решение, со симболична плата од 1 долар годишно.

Нимиц 23 години посредуваше меѓу грчко-македонскиот спор и помина многу влади, премиери и министри за надворешни работи во двете земји. Сепак, впечаток во јавноста е дека Преспанскиот договор е резултат на притисок на западните сили, пред се САД и Германија, отколку успешната медијација на американскиот дипломат.

Нимиц го поздрави изгласувањето на Преспанската спогодна во македонскиот Парламент и очекува подобрување на односите помеѓу двете земји. 

“Ги поздравувам завршните чекори што ги презема Собранието на Република Македонија за спроведување на Преспанскиот договор. Би сакал да им честитам на Парламентот и на граѓаните на земјата за ова остварување и за демократскиот начин, во кој овој важен процес беше преземен. Овој историски договор помеѓу двата соседи ја отвора вратата за нови односи меѓу нив и за поцврста основа за мир и безбедност на Балканот. Со нетрпение го очекувам завршувањето на процесот како што е наведено во Договорот. Како и во минатото, Обединетите нации остануваат посветени на соработката со двете Страни за конечно решавање на разликата меѓу нив. “

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести