Димитров на распит по признанието дека се тргувало со пратеници ?

Објавил: Узунов Бобан | 20 август, 2019 8:55

Ганка Цветанова: Дали Димитров ќе биде повикан на распит по признанието дека се тргувало со пратеници ?

Фото/Текст извор: ©магазин
 
 

Ганка Цветанова, поранешната министерка за култура преку својот твитер-профил му постави неколку прашања на актуелниот министер за надворешни работи Никола Димитров по неговото признавање за тоа дека имало некакво тргување со одговорноста на пратениците, мислејќи на настаните за време на уставните промени и промената на името.

„Дали после признанието на Никола Димитров во кое кажува дека со пратениците се тргувало за промена на името и Уставот на Македонија, истиот ќе биде повикан на распит да даде изјава? Дали ќе има официјална истрага? Дали е ова вовед во поништување на Преспанскиот договор?

Дали во патетичниот обид да се дистанцира од Рекет, кога Димитров вели: „Бојкотот на референдумот имаше иста цел. Да се факторизираат пратениците, за да се тргува со одговорноста”, мисли на отфрлање на кривичната на една од пратеничките за СК 2014 од страна на СЈО?

Дали Катица Јанева е сѐ уште на слобода бидејќи се заканува дека ќе проговори за тоа како со помош на СЈО биле уценувани дел пратениците за да гласаат за промена на името, Уставот и историјата на Република Македонија?“

Димитров, на својот фејсбук-профил, во обид да се огради од случајот „Рекет“ и од Бојан Јовановски, напиша: „Бојкотот на референдумот имаше иста цел. Да се факторизираат пратениците, за да се тргува со одговорноста“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести