Силјановска со реакција на изјавата на Стево Пендаровски дека бил следен од странски служби

Објавил: Узунов Бобан | 7 март, 2019 15:14

Силјановска за Пендаровски: Ако националниот координатор за НАТО не се чувствува безбеден што да очекуваме ние ?

Фото/Текст извор: ©магазин

Кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова излезе со реакција за јавно искажаниот сомнеж од страна на кандидатот Стево Пендаровски дека е следен и фотографиран од страна на странски тајни служби.

Вознемирена сум од сомнежот на противкандидатот за претседател на Македонија,  Пендаровски, дека е следен од безбедносните служби на некоја странска држава. Се прашувам, ако некој што речиси одраснал во безбедносните служби, ако некој кој бил национален советник за безбедност дури на двајца претседатели, се чувствува небезбеден, што да очекуваме ние, останатите противкандидати?-праша таа.

Силјановска Давкова како што посочи, го охрабрува Пендаровски да го пријави случајот.

-Сомнеж за следење во земја која штотуку не влегла во НАТО и очекува датум за преговори со ЕУ, е нешто што сите треба да нè загрижи, порача таа.


Воедно прашањето кое  го покренува јавноста, е дека Стево Пендаровски како национален координатор за НАТО чии работни задачи се токму координирање на разунавачките служби со земјите-членки на НАТО и размена на информации ваков пропуст е и доказ за негова одговорност и неуспешно  завршување на доверените задачи. Ако тој од таа позиција не успеал да го заштитин личниот интегритети и интегритетот на функцијата која ја има, легитимно е да се запрашаме дали ние живееме во безбедна земја или сме под постојана закана за нашата безбедност ?


»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести