Пијте го сирупот разреден со вода во пропорции по желба. Ако додадете коцки мраз и лисја од нане, тоа ќе стане вашиот омилен летен пијалок.

Објавил: admin@magazin | 5 декември, 2020 20:45

СИРУП ОД ЃУМБИР ЗА ЈАК ИМУНИТЕТ: Еве како да направите пијалок кој го хидрира телото и го зајакнува организмот!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Ѓумбирот одамна е познат како исклучително здраво растение кое му дава на организмот енергија, но служи и како најдобро средство за зајакнување на имунитетот.

Направете си добар сируп што ќе го растворите со вода пред да го послужите и освежете се со здрав, домашен пијалок.

Чајот од ѓумбир помага при лекување на болно грло, сува кашлица и ги ублажува симптомите на настинка. Содржи антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од срцев удар.

Состојки:

400 гр ѓумбир, 1 кг шеќер, 1,5 кг лимон, 2 литри вода

Подготовка:

Излупетего ѓумбирот, изрендајте и додадете шеќер, вода и добро измешајте.

Потоа исцедете го лимонот, промешајте, истурете во 3-4 шишиња и чувајте го во фрижидер.

Пијте го сирупот разреден со вода во пропорции по желба. Ако додадете коцки мраз и лисја од нане, тоа ќе стане вашиот омилен летен пијалок.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...