И градските и државните власти во Бугарија, го премолчеа настанот со кој се повикува на Голема Бугарија по нацистички терк, и тоа ние ќе го бришеме од историјата како факт?

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 9:45

Сите Бугари заедно “Босилеград” – бугарски нацисти марширaа низ Софија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во неделата десетина неонацисти и ултранационалисти маршираа во центарот на Софија во знак на протест по повод годишнината од формирањето на комунистичката власт во Бугарија.

Тие поминаа низ центарот на градот сè до споменикот на жртвите на комунизмот.

Во своето обраќање лидерот на Националниот отпор, Благовест Асенов, рече дека Бугарија мора да се врати во бугарски раце и во рацете на бугарските националисти.

Демонстрантите носеа маици со ликот на Адолф Хитлер и голем транспарент со слика на Бенито Мусолини, како и познати бугарски водачи од периодот на сојузништво со нацистичка Германија.

Она што е најлошо во целиот марш е бугарското знаме на почетокот на колоната на кое пишува: “Сите Бугари заедно – Босилеград”.

Со ова тие директно повикаа на распарчување на Србија бидејќи Босилеград е општина во Србија. Бугарските ултранационалисти бараат ревизија на границите и создавање голема Бугарија во која би влегле големи делови од Грција, Србија, Турција, Романија, како и целата територија на Македонија.

Притоа Заев во Договорот со Бугарија иницираше бришење на историски факти, како на пример конкретниот, дека Бугарија а и Грција, за време на нацистичка Германија и Втората Светска војна, беа сојузници на Адолф Хитлер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.