Владата на Македонија никако да престане да ги задолжува граѓаните со нови заеми и кредити, но и јавни тендери за комодитет на кабинетот на премиерот и министрите

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 11:57

Скандалозно: Владата ќе потроши 6.3 милиони евра за чистењe

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата ќе плати астрономска сума на пари за тековно одржување и чистење на своите објекти.

Имено, на системот за Јавни набавки има објавено 2 договори во кои како договорен орган стои Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија и во овие огласи како предмет на договорите на јавна набавка стои тековно одржување и одржување на хигиена.

Вкупната вредност на договорите изнесува 385 000 000 денари или околу 6.3 милиони евра.

Претходно Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија распиша тендер за хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа. Проценетата вредност на истиот изнесува 41 милион денари односно околу 670 илјади евра.

Исто така, неодамна СОЗР распиша и тендер за набавка на кафе во вредност од 45 илјади евра.

Со ова за неполн месец Владата “фрли” над 7 милиони евра народни пари за комодитет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести