За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, однесувањето на СДСМ со тоа што ја отфрла Пржинската влада е кукавички.

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 февруари, 2022 15:44

Собранието го одби предлогот на ВМРО за укинување на „Пржинската влада“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Собранието го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на Техничката влада. Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски потегот на парламентарното мнозинство го оцени како кукавички.

Како го коментирате тоа што СДСМ во Собранието штотуку го отфрли укинувањето на Пржинската влада?

“Кукавички”, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нефункционалноста на актуелното законско решение имавме можност да ја видиме во повеќе наврати. Очекувам поддршка за бришење на овие одредби од законот, а истите можеме да ги дискутираме во текот на постапката“, изјави Мицевски.

Со изјава се јави и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска и рече дека СДСМ со гласањето против укинувањето на таканаречената Пржинска влада повторно го покажал на дело своето лицемерие.

„Иако во јавноста се изјаснуваа дека се согласуваат за укинување на Пржинската влада, денес на еден кукавички начин повторно избегаа од избори. Ние сме свесни дека СДСМ направи сѐ за што подолго да остане на власт бидејќи знаат дека на наредните парламентарни избори ќе бидат казнети од граѓаните за своите штетни политики“, изјави Лашкоска.

За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, однесувањето на СДСМ со тоа што ја отфрла Пржинската влада е кукавички.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.