Ништо од ова лето

Објавил: Македонка Димкин | 23 јуни, 2023 9:03

Сончево со попладневна нестабилност

Фото/Текст извор: ©магазин

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне, претежно во планинските подрачја ќе има услови за изолирана, но силна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно и во вид на невреме со услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло, попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно во делови од котлината и во вид на невреме. Ќе дува слаб променлив ветер, а дневната температура ќе достигне до 34 Целзиусови степени. Маврово 26, Охрид 30, Битола 32, Крива Паланка 30, Берово 28, Кавадарци 34, Дојран 35.

Утре претпладне сончево со мала до умерена облачност и услови за краткотраен дожд. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Во Скопје претпладне претежно сончево, а попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, во делови од котлината и во вид на краткотрајно невреме. Дневните температури ќе се движат од 23 до 34 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...