Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 мај, 2020 9:30

Времето денеска претежно стабилно – повремени врнежи од дожд

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на денешниот ден се очекува брза промена на временската состојба. Ќе имаме променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, ќе дува и умерен, на некои места засилен ветер од северен правец кој најизразен ќе биде Долж Повардарието и на истокот. Максималните дневни температури поради продорот на малку постуден воздух од север ќе бележат тендинција на пад за неколку степени, истите ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 21 степен.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 16 степени.
 
Потоа од утре следува период на претежно стабилно, суво и сончево време со умерена локална облачност.
Утре и во петок сеуште ќе дува умерен, особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бележат тенденција на постепен пораст, утринските пак особено утре и во петок ќе бидат нешто пониски и особено на високите места и на планините има услови да се спуштат до околу, или малку под нула степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...