Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Објавил: Владо Марин | 9 јули, 2020 7:11

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Поради изведување градежни работи поправка и рехабилитација на државен пат Р1309, делница Кочани- Пониква (II фаза) на ден 09.07.2020 год. (четврток) од 10:00 до 12:00 часот ќе биде во целосен прекин.

поради изведување градежни работи (асфалтирање) од 09.07.2020 (четврток) на регионален пат Р-2344 на делница Голозинци – Лисиче – раскрсница Дреново со Горно Врановци во наредните 40 дена секој работен ден освен недела во период од 10 – 15 часот ќе има забрана за сообраќај за сите видови возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата на Република Македонија на 72-ра седница донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворени сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПЦР тестови, и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин.

Владата донесе одлука да од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и aеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Согласно овие одлуки Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни.

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 01.07. започнаа викенд забраните за движење на тешки товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид. Повеќе детали за овие забрани ќе најдете ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...