Додека некои денес се радуваа Основниот Суд Скопје 1 соопшти дека за барањата за кои од обвинителството е добиено негативно мислење, како што се посочува, советот донесе решенија со кои тие се одбиваат како неосновани.

Објавил: Македонка Димкин | 28 декември, 2018 19:11

Амнестија и за Богдан, Јовановски и Дамовски!

Фото/Текст извор: ©архива / магазин

Доцна попладнево, Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 донесе одлука за позитивно за амнестија.

» Скопје постапувајќи по доставени барања во врска со Законот за амнестија на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, а по добиено позитивно мислење од надлежното обвинителство, донесе решенија со кои ги уважи барањата на Б.И., В.Ј. и Б.Д., соопштија од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Богдан Илиевски На Фејсбук: 395 дена подоцна…Фала му на Бога, фала ви на сите кои бевте со мене и со моите во периодов. Никому никогаш да не му се повтори. Само слободата е правда. Да ја има, за сите невини. Да сте живи и здрави, да живее Република Македонија!

Останатите барања пак  за кои од обвинителството е добиено негативно мислење, како што се посочува, советот донесе решенија со кои тие се одбиваат како неосновани. За сите решенија, согласно Законот, обвинетите имаат право на жалба во рок од три дена до повисокиот суд.

Сите останати барања, во одделот Кривично полнолетни, се во фаза на одлучување и во Законски утврдениот рок ќе бидат донесени решенија кои ќе бидат доставени до странките, а јавноста ќе биде благовремено известена, наведуваат од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Во однос на предлогот за укинување на мерка притвор и предлог за определување мерка куќен притвор со мерки за претпазливост во случајот од обвинителството означен како „Империја“, информираат од Основен суд Скопје 1 – Скопје, од страна на судија на претходна постапка е утврдено дека не е комплетен и е вратен на доуредување кај надлежниот обвинител, а по добиен уреден предлог судот веднаш ќе донесе решение.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести